Search

Прв настан од новиот проект на МКЦ за промовирање млади таленти

Младинскиот културен центар утревечер ќе го организира првиот настан од новиот проект „Сирова култура”, кој го почнува со идеја на младите и талентирани уметници да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.

Еднодневни настани од овој проект ќе има неколку пати годишно, со повик за аплицирање и учество на кандидатите што ќе бидат избрани.

На првиот повик пристигнале 60 апликации, од кои  тимот на МКЦ селектирал дваесетина, чии дела ќе може да се видат утревечер од 20 часот во Младинскиот културен центар.

Треба да знаете
Последни објави