(ВИДЕО) Заев: Подготвен сум и со Мицковски да направам селфи

Ви благодарам за среќните лица полни со надеж за нашата земја. Конечно имаме заеднички кандидат. Сите стоиме позади нашиот Стево, идниот претседател на нашата земја, рече лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на конвенцијата за претседателскиот кандидат Пендаровски.

– Ова е единствениот концепт. Одиме напред затоа што позади таква иднина стојат повеќе под 80 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија. Ние  чекориме во 21 век, нашите опоненти застанале во 19 век. Во едни вакви различни концепти, имаме кандидат кој учел како треба од првиот претседател Киро Глигоров. Бил советник на нашиот втор и трет претседател. И учел од Иванов како не треба. Со Стево одиме заедно напред – рече Заев.

Тој рече дека „пендар“ значи ретка монета која се носи на градите и ги повика граѓаните да изберат татко на нацијата, после десет години на „немање на татко на нацијата“.

Заев рече дека е подготвен да остане со подадена рака и во државата, не само надвор од неа.

– Јас немам предрасуди. Подготвен  сум и со Мицковски да направам селфи, ако и од него видам подадена рака и ако се откаже од политиките на Груевски. Но, не е подготвен да осуди криминал, а со тоа е задоена и нивната кандидатка – рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави