Игуаин му открил на Сари зошто му е тешко да игра во Англија

Гонзало Игуаин во јануарскиот преоден рок се пресели во Челси, но Аргентинецот и натаму не може да ја пронајде својата форма.

„Игуаин ми рече дека е многу тешко затоа што играчите од одбраната играат многу цврсто и доста се физички посилни“, изјави Маурицио Сари и додаде:

„Судиите се овде многу поинакви од оние во Италија, па тоа за него е еден нов фудбал, посебно за напаѓач и голман, тоа е многу различно. Мислам дека потребно му е време, но ние немаме време. Потребен ни е на највисоко ниво во последните два месеци“, изјави Маурицио Сари.

Треба да знаете
Последни објави