Рио ги посочи тројцата играчи на Јунајтед кои најмногу напреднале под водство на Солскјер

Манчестер Јунајтед успеа да се врати на победничките патеки во Премиер лигата на натпревар на кој воопшто не импресионираше, но сепак Оле Гунар Солскјер по крајот на мечот со Ватфорд потенцираше дека најважни се трите освоени бода.

Норвежанецот порача дека секој бод ќе биде круцијален до крајот на сезоната и предвиде дека неговиот тим ќе заврши во топ 3 доколку на преостанатите 7 натпревари освои 15 поени, но во меѓувреме, Јунајтед ќе го чека и голем тест во Лигата на шампионите бидејќи тимот од „Олд Трафорд“ ќе излзезе на мегдан со Барселона.

Коментирајќи го овој двомеч во интервју за специјализираниот сајт „Гол“, Рио Фердинанд направи интересна анализа за трите најважни сили во актуелниот тим на Јунајтед, односно ги посочи тројцата играчи кои најмногу напреднале под водство на Оле.

– Откако Оле пристигна во тимот, мора да кажам дека Маркус Рашфорд, Пол Погба и Виктор Линделоф најмногу напреднаа. Според мене, тие најмногу се истакнаа во изминативе неколку месеци. Покрај нив, секако тука е и Де Хеа, тој е убедливо најдобриот голман во лигата, но тој беше спектакуларен и претходно, – заклучува Рио.

Треба да знаете
Последни објави