Италија ќе ги укине натпреварите на Божик

Во шампионатот на Италија нема да се играат натпревари за време на божиќните празници, по аналогија со „Боксинг деј“ во англиската Премиер лига.

Според весникот, експериментот во сезоната 2018/2019 не успеал. Следната сезона нема да има натпревари за време на Божик.

И ТВ куќите имаат барања за откажување на дуелите во тој период кога најголем дел од луѓето користат новогодишен и божиќен одмор.

Сезоната 2019/20 во италијанската Серија А ќе започне на 25 август, а ќе заврши на 24 мај.

Треба да знаете
Последни објави