Бекам го искажа својот став за назначувањето на Солскјер за перманентен тренер на Јунајтед

Минатата седмица Оле Гунар Солскјер и официјално беше потврден за нов тренер на Манчестер Јунајтед со што клубот од „Олд Трафорд“ затвори едно важно прашање.

Солскјер одлично се снајде откако го наследи Жозе Мурињо, па беше награден за одличната игра и резултатите на екипата, па сега мирно може да се посвети на своите активности и предизвици до крајот на оваа сезона, но и да крои планови за во иднина.

Голем број од легендите на Јунајтед веќе го поздравија овој потег на раководството, а своето задоволство од истиот го искажа и Дејвид Бекам.

– Убаво е што заврши неверојатна работа, па затоа го заслужува договорот што го доби. Тој е сакан од навивачите, играчите и сите други во клубот. Тој направи одлична работа и ќе продолжи затоа што вистинските навивачи го сакаат. Тоа е одлично за клубот и за него, – порача Бекам.

Треба да знаете
Последни објави