Search

Зголемено нивото на предупредување за опасност од Попокатепетл

Мексиканските власти денеска прогласија трето „жолто” ниво на предупредување за опасност од вулканот Попокатепетл, откако се засили интензитетот на исфрлање камења и пепел од неговиот кратер.

„Жолтото” е трето ниво на сакала за предупредување на опасност, по кое следува „црвеното”, што подразбира спроведување на евакуација на жителите во реонот околу вулканот. Во радиус од 100 километри околу Попокатепетл живеат над 25 милиони луѓе.

Попокатепетл е втор по големина врв во Мексико и неговото име на ацтечки јазик значи „планина што се чади”. Тој немал масовна ерупција повеќе од 1000 години, но во последните 25 години е регистрирана негова зголемена активност.

Во Мексико има повеќе од 3.000 вулкани, од кои 14 се активни.

Треба да знаете
Последни објави