Search

Венецуелската влада му забрани на Гваидо да извршува јавни функции во следните 15 години

Владата во Венецуела му забрани на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо да извршува јавна функција во следните 15 години.

Шефот на државната ревизорска управа во Венецуела, соопшти дека на претседателот на националното собрание на Венецуела, Хуан Гваидо кој голем број држави го признаа за привремен претседател, му е воведена забрана за извршување на било која државна функција во период од 15 години, јави „АП“.

Како причина за одлуката, владата на претседателот Николас Мадуро, наведе наводни неправилности во финансискиот извештај на Гваидо, а тој самиот порача дека Мадуро ќе мора повеќе да се потруди за да ја сопре борбата на неговото опозициско движење, која е поддржана од САД.

Во Венецуела од 21 јануари почнаа масовни протести против венецуелскиот претседател, Николас Мадуро. Опозицискиот лидер, Хуан Гваидо се прогласи за привремен шеф на државата, а него го признаа САД и голем број западни земји.

Русија и Кина го поддржуваат Мадуро како легитимно избран претседател во земјата.

Треба да знаете
Последни објави