Search

Анѓушев: Имаме реален економски диалог со Грција – на 1 април ни доаѓаа бизнисмени заедно со премиерот Ципрас

Анѓушев: Имаме реален економски диалог со Грција – на 1 април ни доаѓаа бизнисмени заедно со премиерот Ципрас

На прашање дали 70 бизнисмени од Грција заедно со премиерот Ципрас доагаат во земјава на 1 април, визепремиерот Кочо Анѓушев во отвореното студиои на 1 тв потвдри, но соопшти дека дефинитивната бројка на бизнисмени ќе се знае во текот на утрешниот ден.
“ Отсекогаш ние најмногу сме соработувале во нашиот регион. И во времето кога политичките односи на нашата држава со Грција не беа најдобри и тогаш имаше сериозна економска соработка и Грција беше меѓу првите три во трговска размена и соработка и секогаш била наш економски партнер.
Природно е да сме упатени едни на други, тука е и Солунското пристаниште кое е најблиско до нас за евтин транспорт на стоки и кога ќе видите дека ова пристаниште во голем дел работи за нашите компании, тоа е доволен доказ за обемот на соработката.

Со ова не би рекол дека се сака да се покаже политичка порака, туку дека е нормален слет на политички настани. Со затоплувањето на односите и со решавање на долгогодишното проблематично прашање, се отвора многу простор за економска соработка.” изјави Анѓушев, кој најави дека ќе биде
решен проблемот и со двојното оданочување со што се очекува голем број инвестиции од таму да дојдат во нашата држава и како гринфилд. “Дојран стил најавува инвестиција од 75 милиони евра и други компании, и тоа во делот на производството, во фабрики и слично.
Кога ќе направите добар амбиент и економската соработка се одвива подобро.

По потпишување на договорот со Бугарија, во рамките од една година размената со оваа земја порасна за 11%. И сега имаме исто така двоцифрен раст во размената со Грција. И тоа ја прави климата за економска соработка.” посочи Анѓушев

Треба да знаете
Последни објави