Иранец се обидел да изврши терористички напади врз германски возови

Иранец, кој е осомничен дека минатата година се обидел да изврши терористички напади врз германски возови исфрлајќи ги oд шините, е уапсен денеска, објави обвинителството во Виена.

Неколку луѓе наводно растегнале челичен кабел преку железничката пруга меѓу градовите Нирнберг и Минхен минатата година.
Во инцидентот оштетена е шофершајбната на возот, кој сепак не излетал од шините.

Во друг случај, на шините биле поставени бетонски плочи. Осомничените не успеале да повредат никого бидејќи направиле технички грешки, стои во изјавата на портпаролката на обвинителството, Нина Бусек.

„Арапските документи и знамето на Исламската држава поттикнуваат сомневање дека се работи за тероризам“, додала портпаролката Бусек.
Осомничениот, 42-годишен маж, го признал делото, но негирал дека имал терористички мотиви.

Треба да знаете
Последни објави