Адеми во Париз на средба со дијаспората

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари срдба со македонската дијаспора во Франција. Средбата се реализирала во просторите на амбасадата на Република Северна Македонија во Париз, во организација амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов. На средбата присуствувал и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски и директорот на агенцијата за иселеништво , Никола Шалваринов.

Министерот Адеми, во своето излагање првично се заблагодарил за присуството на дијаспората и изразил посебно задоволство од фактот дека истата е одлична интегрирана во Франција.

„Министерот Едмонд Адеми, ја истакна важноста на нашата дијаспората, и во таа насока информираше за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората , документ кој ќе претставува основа за институционално поврзување на државата и дијаспората. Министерот  на крај дополни дека како и сега така и во наредниот период Владата на Република Северна Македонија и тој како министер задолжен за дијаспора остануваат отворени за соработка во рамките на заедничкиот интерес и взаемниот  бенефит. Државниот секретар на МНР, Димовски  информираше за актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, при што посебно го истакна потпишувањето на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО, и за идните предизвици и активности на нашата владата која останува максимално посветена на исполнување на сите реформи потребни за евроатлатските интеграции на земјата’, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Адеми.

Треба да знаете
Последни објави