Шестанесетгодишна хиндуска девојка киднапирана во Пакистан

Уште една хиндуска девојка била киднапирана во Пакистан во серијата киднапирања, принудни бракови и преминувања во ислам во земјата во последниве неколку недели. Со овој случај, моменталниот биланс е седум, пренесува РТ.

Во најновиот инцидент е киднапирана 16-годишната Мале Кумари Мегвар. Неименуван локален хиндуски лидер изјави за „Тајмс оф Индија” дека локалната полиција одбила да почне истрага за инцидентот.

Според тужбата поднесена од таткото на девојката, ноќта кога била киднапирана, четворица мажи влегле во нивниот дом околу 3 часот и ја одвлечкале до возило кое ги чекало, по штп исчезнале во темнината.

Извештаите за киднапирањето доаѓаат само неколку дена откако две сестри, Рина (15) и Равен (13), биле киднапирани и насилно натерани да преминат во ислам и да се омажат за муслимани. Во вторникот, пакистански суд им одреди специјална заштита на девојките бидејќи се спроведува истрага за да се утврдат околностите на нивното наводно киднапирање.

„Девојките се појавија пред Високиот суд во Исламабад во вторникот наутро. Судот му нареди на заменик-комесарот да го преземе нивниот заштитен притвор”, рече Фарук Али, полициски службеник во Готки.

Десетина лица, вклучувајќи го и имамот кој ја извршил венчавката, биле притворени во врска со случајот на наводно киднапирање и грабеж.

Министерот за надворешни работи на Индија, Чоукидар Сушма Швараџ, даде ретка изјава за инцидентите во соседен Пакистан, предизвикувајќи вербална војна со министерот за информации и за радиодифузија на Пакистан, Фавад Чодри.

Треба да знаете
Последни објави