Хан во посета на Србија и на Босна и Херцеговина

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан утре ќе ги посети Сараево и Белград, каде ќе дискутира за напредокот во реформите кон Европска Унија, соопштија од неговиот кабинет.

Хан утре во Сараево ќе се сретне со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина како и министерот за надворешна трговија и министерот за финансии, а ќе оствари средба и со претставници на граѓанскиот сектор.

– Комесарот Хан ќе разговара за состојбата на социо-економските реформи кои земјата се заложи дека ќе ги направи за да напредива на патот кон ЕУ, информираа од неговиот кабинет.

Следниот ден во Белград, Хан ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и со лидерите на опозицијата.

– Хан ќе повтори дека е итно потребен меѓупартиски дијалог и напредување кон демократското владеење и владеењето на правото.

Треба да знаете
Последни објави