Search

Адеми: Дипломатските претставништва од минатата Влада беа третирани како задгранични комитети

Последната бројка на гласачи од дијаспората која се пријавила за гласање е 1.781 лица. Најголем број на пријавени за гласање се во Венеција во конзулатот, потоа во Париз и Љубљана- вели за 24 инфо министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми. Според него бројката е мала ако се спореди со гласањето во 2016 година кога пријавени биле скоро 20.000 луѓе.

Не треба да се заборави дека од пријавените 20.000 лица од дијаспората, само 8.000 излегоа на гласање. Во тоа време конзулатите беа задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Имавме прилика да чуеме дека амбасадорите одеа од куќа на куќа, од врата на врата да ги попишуваат луѓето и да ги регистрираат. Овој пат ниту јас, ниту пак Владата немаме намера да го правиме ова и со сила да ги тераме луѓето да се појават на гласачките места. Ниту сега, ниту пак било кога. Тие се граѓани на Северна Македонија Уставот им го гарантира правото да учествуваат на избори и да гласаат. Дали ќе го искористат тоа зависи од нив. Затоа сега е таква бројката. Но самиот факт дека од пријавени 20.000 гласале 8.000 значи дека тогаш бројките биле нереални. Ако сум регистриран како член на дијасора не зенам зошто не би гласал- вели Адеми.

Тој вели дека нема намера да го прави тоа што го правеше минатата Влада.

Немам намера да ги терам амбасадорите да одат и да ги тераат луѓето на гласање. Голем дел од луѓето за минатите избори од дијаспората и незнаеле дека се регистрирани. Тие што сакаат да гласаат се пријавиле- вели Адеми.

Седната година очекуваме пописот да даде конечна бројка на Македонците кои живеат надвор од држaвата. Имаме ли бројка во моментов колку наши граѓани живеат во дијаспора?

Немаме конкретна бројка и засега ги користиме бројките од Светска банка и бројките на земјите во кои живеат нашите. Се карикира и проценува дек има од 500 до 600.000 лица . Пописот догодина треба да ни даде конечна бројка. Има неколку начини да се утврди конечната бројка. Првата е електронска, пред да почне пописот ќе и се даде можност на самата дијаспора да се регистрира. Вторта фаза е кога попишувачите ќе одат до секој дом во државава и ќе прашаат секаде дали има членови од семејството кој живее на страна. Врз основа на матичен број ќе се проверуваат. Третата фаза е собирање податоци од различни институции кои водат податоци како Фондот за здравство, Пензискиот фонд. Нема да знаеме колку се точно, но ќе имаме отприлика слика колкава е бројката. Спред мене очекувам да се потврди оваа бројка околу 600.000.

Прв министер сте што е задолжен за дијаспора. Кои ви се ингеренциите и обврските?

Точно така. За прв пат една влада избира министер за дијаспора . Тоа е така бидејќи ја знаевме бројкта на наши сограѓани кои живеат надвор. Таа е голема и не водеше искуството кое беше лошо минатите влади околу злоупотреба на дијаспората за партиско политички цели како влада. Сметавме дека мора да се изгради еден институционален линк меѓу државата институциите и нашите сограѓани се со цел конечно тие луѓе да сфатат дека има некој кој се грижи за нив постојано, а не само за дознаките кои ги праќаат . Јас како министер одбивам нив да ги гледам како вреќа со пари која ја носат овде.

Пред извесно време ја промовиравте Националната стратегија за дијаспора. Кои се придобивките кои треба да ги очекуваме од неа?

Цела година работевме на државната стратегија за дијаспора 2019- 2023. Стратегијата има  четири клучни столба: Политичко-правни и конзуларни прашања, Дијаспората и економскиот развој, Образование, наука и млади и Културни врски, културен идентитет и културно наследство. Сега дијаспората е уставна категорија, дефинирана во устав. Првиот столб на кој се заснова стратегијата е политичко правен, административен кој го регулира правото на глас како што го имаа и до сега. Со стратегијата се бара начин да се види како дијаспората повеќе да се вклучи во политичките процеси. Тоа е процес кој треба експерти да го работат за да на крај се преточи во некои законски решенија. Во првиот столб исто така го имаме и елементот на административно конзуларни прашања каде нашите се соочуваат со проблеми со документација. Премногу трае процесот за вадење на нови пасоши. Времено од апликација до нов пасош траеше и по една година. Сега формиравме посебно тело меѓу МВР, МНР и мојот кабинет која работи на анализа како да се најде ефективно решение како тие луѓе од денот на поднесување како тие луѓе наместо да чекаат со месеци за пасош, побрзо да ги добијат документите. Порано имаше мобилна екипа која шеташе по ЕУ и самата постака траеше долго. Сега дојдовме до решенија дека иста можност за малку пари да се купи опрема која ја има во МВР и да се инсталира во амбасади и конзулати и постапкатада се забрза, барем во поголемите градови каде има повеќе иселеници. Ова е плнирано за следна година. Вториот столб е Дијаспората и економскиот развој. Третиот столб пак е образование, наука и млади. На средба со ректорот на УКИМ договоривме да се отвори Истражувачки центар за дијаспора во склоп на универзитетот кој ќе се занимава со научна работа. Има многу наши интелектуалци кои имат трудови по светот. Целта е да се создаде платформа со научни трудови на дијаспора за да може државата кога има потреба во одреден период да ги вклучи и нив за одредени решенија, да ги искористи пратктично нивните совети. Ова треба да функционира од следната академска година.

Во делот на образованието ќе се работи на зголемување на бројката на наставници по мајчин јазик за сите националности, како по македонски, така по албански и турски во дијаспората. Ова се прави со цел да не се изгуби врската со мајчиниот јазик на нивните предци. Со МОН се работи на ова. Четвртио столб е култура, културно наследство и културен идентитет каде се подддржуваат проекти од оваа област. Се поддржуваат организации и здруженија надвор. Годинава за прв пат се пријавија 103 апликанти секаде од светот. Дури има и од Нов Зеланд. До сега овие пари се даваа под рака.

Има ли потреба од Закон за дијаспора и кои аспекти би ги опфатил?

Треба да видиме дали воопшто има потреба од таков закон или Стратегијата е доволна бидејќи има акциски план. Сега се формира тим да се види дали е потребно воопшто да се носи некаков закон. Се остава време за да се види дали вака ќе добијат повеќе луѓето од дијаспората или мора да се донесе некоја законска рамка. Ќе го тераме процесот и ќе видиме како ќе биде. Во околините држави Србија и Хрватска имаат зЗкон за дијаспора Косово сега го работи. Албанија пак има само стратегија. Ние ќе ги искористиме нивните искуствата, па ќе видиме.

Има ли реакции на нашите иселеници на средбите, што велат, што им неостига од матичната држава?

За нас но и за нив таму цел е пред се враќање на довербата во институциите и државата. Изгубија доверба во се. Поделеноста пак меѓу нив е посебна приказана. Има верска, национална и партиска поделеност. Националистичките политики дома од двете страни се посебен проблем. Посебно македонска- албанкса. Работевме на ова скоро две години. Во еден дел сметам дека истата е вратена, помагаме и асистираме на дневна основа. Успех за мене е што сега на последната посета на скандинавските земји на една маса седнаа и Македонци и Албанци и Турци и Власи, во Малме, Осло и Копенхаген. Ние како Влада имаме еден концепт. Сите ги имаат истите проблеми со матичната земја и Македонецот и аАбанецот имаат проблеми со документација.

Колку се подготвени иселениците да вложуваат во државата?

За прв пат дијаспората е внесена во Закон за поддршка на инвестиции како посебна категорија со сите бенифиции кои им следуваат . Сега им следи поддршка од Владата од 20 отсто. Сега има најавени неколку во Струга и Кичево и верувам дека ќе има уште повеќе бидејќи на средби со бизнисмени го промовираме ова и има интерес од нашите во странство.

Претседателските избори ни се на прагот. Што очекува Адеми после изборот, а што треба да очекува дијаспората?

Јас очекувам после претседателските избори очекувам претседател на државата кој достоинствено ќе ја претставува Македонија и дома и надвор, ќе биде Претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија вклучувајќи ги и оние од дијаспората и претседател кој на некој начин ќе биде темел или столб на сите граѓани без разлика на верска и етничка припадност. Граѓаните треба да решат на крајот, нивен е изборот.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави