Search

Демократите го предупредуваат Трамп да не бара пари за ѕидот кон Мексико

Водечки фигури во Демократската партија го предупредија претсеателот Доналд Трамп да не вклчува во предлог буџетот за 2020 година, 8,6 милијарди долари за финансирање изградба на ѕид по границата со Мексико.

„Трамп им наштети на милиони Американци и предизвика хаос кога ја спречи работата на федералната влада во обид да одбие финансирање на ѕидот”, нагласуваат во заедничко соопштение претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и сенаторот Чак Шумер.

– Конгресот не дозволи финансирање на неговиот ѕид и тој беше принуден да признае пораз и да ја обнови работата на владата. Истото ќе се повтори ако се обиде одново. Се надеваме дека ја научил лекцијата, додаваат политичарите од Демократската партија.

Американски медиуми јавија дека се очекува Трамп во нацрт буџетот за фискалната 2020 година што ќе го претстави утре, да внесе барање за 8,6 милијарди долари за финансисрање на изградбата на ѕидот.

Треба да знаете
Последни објави