Search

Мицкоски: Заедно сплотени сите граѓани ќе ги победат Зоран Заев и Стево Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од граѓаните побара масовно да се излезе на 21 април и да се даде целосна поддршка на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова. Пред членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Мицкоски рече тој е силно убеден дека токму Силјановска Давкова има големи шанси да биде следниот претседател на Република Македонија.

„Тој потенцираше дека заедно сплотени сите граѓани ќе го победат Зоран Заев и Стево Пендаровски и нивното сценарио кое што го припремат на Бихаќка, додавајќи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е сосема поразлична Македонија која што ќе биде достоинствена и горда, а не ваква како што ја прави СДСМ и Зоран Заев понижена и омаловажена држава“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес се објави БДП за 4-тиот квартал и практично многу лесно може да се извади БДП за цела 2018 година. Последна е. Пoследни сме во регионот и по растот и по бројките и по параметрите. Од тие 5 проценти од првиот месец откако станаа власт заклучно со 2018 година вкупниот раст на македонската економија е едвај скромни 2 проценти. Луѓето кои што се занимаваат со економијата, велат никакви реформи, никакви интервенции, ќе имате раст најмалку 3 проценти ако економијата по инерции се движи. Е овие успеа и тие 3 проценти да ги намалат на 2 проценти. Два и пол пати помалку од ветените 5 проценти и затоа вчера предложив да се воведе дело во кривичниот и прекршочниот законик изборна измама“, рекол Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави