Search

УЕФА и официјално започнува истрага проитв Манчестер Сити

УЕФА објави дека започнува истрага против англискиот шампион Манчестер Сити за потенцијални прекршувања на правилата за финансиски ферплеј.

Ако се установи дека тоа е случај и во зависност од нивната природа и тежина, клубот на крајот може да биде исфрлен од европските турнири.

Во официјалното соопштение се вели:

„Комисијата за финансиска контрола на УЕФА започна истрага против Манчестер Сити поради сомнежи за прекршување на регулативите за финансиски ферплеј.

Истрагата ќе се фокусира на неколку потенцијални прекршувања на финансискиот ферплеј кои неодамна добија публицитет во различни медиумски изданија.

УЕФА нема да прави понатамошни коментари на оваа тема сé додека истрагата не се спроведе”.

Треба да знаете
Последни објави