Search

Запирање на изградбата на хотелот во Лагадин до наоѓање трајно решение

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација од Здружението на граѓани „Стар Лагадин” кои искажаа загриженост од заканата  што хотелот во изградба во Лагадин ќе ја има врз заштитениот појас на Охридското Езеро.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот истакна дека е неопходно да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за запирање на градбата и дека во меѓувреме ќе се бара правна основа за трајно решавање на ова прашање.

-Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, беше речено дека во рамките на надлежностите на Министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање кој е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро, наведува владината прес-служба.

Претставниците на здружението „Стар Лагадин” изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот овојпат ќе биде трајна бидејќи, според нив, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе прекршувања на постапките.

Треба да знаете
Последни објави