Search

Почина новинарката Дивна Карлеуша

Српската новинарка и радио водителка Дивна Карлеуша почина денеска на 61-годишна возраст во својот дом, по тешката борба со ракот.

Дивна во 2016 година била примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови кога почнала да кашла крв. Од тогаш почнала нејзината борба со тешката болест.

Дивна Карлеуша беше родена во 1958 година во Словенија, а во Србија остана запаметена како некогашна водителка на „Радио Белград“. Таа се занимаваше со новинарство 33 години. Дивна Карлеуша е мајка на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Треба да знаете
Последни објави