Search

Нови американски санкции за високи функционери на Венецуела

Со цел зголемување притисокот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, САД денеска воведе санкции за шест високопозиционирани функционери порад попречување на испораката на хуманитарна помош.

Американското Министерство за финансии соопшти дека шест лица, меѓу кои и функционери од Националната гарда и полицијата, учествувале во акциите за затворање на границите на Венецуела со Бразил и Колумбија со цел да се спречи влегување на хуманитарната помош.

Во соопштението се посочува дека тие шест лица ги контролирале групите кои фрлале солзавец и со гумени куршуми пукале во демонстрантите од опозицијата, палеле камиони со хуманитарна помош и се заканувале дека ќе пукаат во бродот кој превезуваше помош од Порторико.

Со санкциите, на овие шест лица им се замрзнува имотот во САД и им се забрануваат какви било финансиски трансакции со американски државјани.

Треба да знаете
Последни објави