Унгарија ја затвори истрагата – Груевски ги поминал границите со валидни документи

Унгарија ја затвори истрагата – Груевски ги поминал границите со валидни документи

„Во текот на истрагата беше утврдено дека Никола Груевски имал валидни патни документи на унгарско – српската граница и на останатите гранични премини и неговиот влез во Шенген зоната е во согласност со законските прописи“, се вели во унгарскиот полициски извештај, со кој се затвора истрагата за начинот на кој поранешниот премиер Груевски влегол во Унгарија, пренесува унгарскиот портал 444.ху.

Во меѓувреме, на Груевски му беше одреден притвор за случаите „Титаник“, „ТНТ“ и за случајот „Талир“, а ОЈО ја прошири истрагата за крвавиот четврток и настаните од 27 април за 5 лица, меѓу кои и за поранешниот премиер. Тој е правосилно осуден на две години затвор за случајот „Тенк“.

Груевски на 9 ноември минатата година избега од Македонија и експресно доби азил во Унгарија. Оттогаш, тој редовно пишува на социјалните мрежи, дава интервјуа за медиуми, а неколкупати беше фотографиран како се шета низ Будимпешта.

Треба да знаете
Последни објави