СДСМ: Обвинителствата да се остават да работат независно

Заврши времето на пристисоци и закани, ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет тоа да го разбере, обвинителствата треба да се остават независно и професионално да работат во служба на законите и граѓаните, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Притисоците врз судиите, судство и обвинителства под партиска контрола беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција. Навикнато на таквата пракса, антинароднато ВМРО-ДПМНЕ нема демоктатски капацитет да го разбере тоа. Затоа и денеска очајно, на прес конфренеција, се обидува да врши притисоци врз обвинителството и судовите, се заканува кон судии и обвинители“, смета СДСМ.

Владејачката партија во соопштението додава дека е завршено времето на нарачани предмети, пресуди и монитани судски процеси. Заврши времето, велат од СДСМ, кога од белиот дворец некој можеше да му наредува на обвинителството како да постапува. Денес обвинителствата, судовите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски бадијала се заканува, притисокот треба да го насочи кон градење на сопствените демократски капацитети и да ги остави обвинителството и судството да ја вршат својата работа професионално.
Република Северна Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка ќе се докажа дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, ќе сноси соодветна одговорност. Исклучоци нема и не смее да има“, додава владејачката партија во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави