Search

САД со санкции против венецуелски гувернери кои го помагаат Мадуро

САД денеска воведоа санкции против четворица гувернери од Венецуела кои го помагаат нелегитимниот режим на Николас Мадуро, кој спречи насушно потребната хуманитарна помош да влезе во земјата, соопшти денеска американскиот Стејт Департментот.

Санкции се воведени против Омар Прието, Рафаел Ласава, Рамон Каризалез и Хорхе Гарсија Карниеро, гувернери на државите Зулија, Карабобо, Апуре и Варгас.

-САД нема да стојат настрана додека народот на Венецуела е лишен од основните потреби за живот и страда непотребно. Нашите акции имаат последици, изјавија од Стејт департментот.

САД повторно ги повикуваат властите и безбедносните служби во земјата да дозволат итен влез на храна и лекови во Венецуела и да бидат распоредени низ целата земја.

Се додава дека САД ќе продолжат со преземање на соодветни мерки за промена на однесувањето на одговоорните лице како одговор на влошената ситуација во земјата.

Осум каравани со хуманитарна помош за земјата од вчера се спречени да влезат во Венецуела по наредба на Мадуро, кој смета дека помошта „ќе го донесе и штетното американско влијание во земјата”

Треба да знаете
Последни објави