Search

(Вознемирувачко видео) Со „БМВ Х6“ покоси пешаци, двајца починаа на лице место

Со „БМВ Х6“ покоси пешаци, двајца починаа на лице место

Две лица загинаа, а три се повредени откако автомобил удри во пешаци на тротоар во центарот на Санкт Петербург, пренесуваат руски медиуми.

Според нив, загинал американскиот државјанин Тод Кровел и уште едно лице од Москва, а возачот бил под влијание на азотен оксид и изгубил свест.

Ужасниот судар се случил на авенијата во текот на ноќта, кога БМВ Х6 кој возачот го возел со голема брзина удрил во неколку возила пред да налета на тротоарот. Автомобилот тогаш погодил група пешаци и ги отфрлил во воздух.

До несреќата дошло прилично доцна вечерта и имало малку луѓе во близина, на обично прометната раскрсница.

Возачот е фатен од страна на полицијата на самото место, а медиумите го идентификуваат како 30-годишниот Мурад К, кој бил под дејство на азотен оксид – хемиско соединение кое се користи како анестетик и е познат како „гас за смеење“.

Треба да знаете
Последни објави