Search

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за да ја заштити нацијата од дилерите на дрога и илегалната миграција.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, објави на „Твитер“ фотографија од Трамп како потпишува декларација во моментите непосредно пред прес-конференцијата, јави АП.

Трамп рече дека постои сериозна злоупотреба на жени кои се криумчарат преку американско-мексиканската граница. Тој истакна дека ѕидот ќе биде потребен за борбата против против наркокартелите во Мексико.

Изградбата на граничниот ѕид беше клучна ставка во предизборната кампања на Трамп. Прогласувањето вонредната состојба ќе му овозможи пристап до милијарди долари за неговиот проект.

Треба да знаете
Последни објави