Зоолошката градина во Австралија нуди шанса да именувате една од нивните змии по вашето поранешно момче или поранешна девојка, како дел од бизарен натпревар за Денот на вљубените.
Конкурсот беше лансиран од страна на Зоолошката градина во Сиднеј, која им нуди на луѓето можност да именуваат змија по својот поранешен партнер во замена за донација од 1 долар, кој ќе биде наменет за фондот за конзервација.
Натпреварувачите ќе добијат шанса да го именуваат рептилот, една од најотровните змии во светот, а победникот ќе добие сертификат и можност да го посетува бесплатно во текот на годината.
Објавувајќи го натпреварот во неделата, на веб-страницата на зоолошката градина е наведено: ,,Дали е твојат поранешен партнер змија? Ако е така, сега, имате шанса да го зацврстите нивниот статус на змија за Денот на вљубените, имеувајќи ја оваа именувајќи кафена змија по нив”.
За да влезете во конкуреција, потребно е да ја посетите веб страницата на зоолошката градина и да го пополните формуларот објаснувајќи зошто вашиот поранешен партнер заслужува да има змија која ќе биде именувана по нив и да платите донација од 1 долар.