Search

Мистериозен човек шета ној низ Загреб, истото го правел и во Љубљана

Непознат маж бил снимен денеска во Загреб како низ центарот на градот шета ној, врзан за каиш.

Глетката ги зачудила загрепчани кои со своите мобилни телефони го фотографирале човекот со своето милениче.

Иако биле на момент збунети од вниманието, птицата и нејзиниот сопственик за кратко време продолжиле да шетаат по плоштадот.

Фотографиите биле споделени по социјалните мрежи, по што очекувано коментарите биле дека кога можат да се шетаат кучиња и мачки, може и ноеви.

Сепак, мала доза на мистерија фрла коментарот на еден од загрепчанец, кој рекол дека истиот човек го видел пред Новата Година и во Љубљана како шета ној, за што покажал фотографија.

Треба да знаете
Последни објави