Search

Белгискиот државен секретар протера убиец на полицаец на последниот ден на функцијата

Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен го искористи својот последен ден на функција за да ја потпише наредбата за депортирање на убиецот Хасан Јасир во Мароко иако е тој роден во Белгија, пренесува РТЛ.

Франкен, член на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), го потпиша налогот на својот последен ден на функција по колапсот на белгиската коалиција кон крајот на минатата година поради контроверзниот Мигрантски пакт на ОН што неговата партија одби да го потпише.

Јасир отслужува 30-годишна затворска казна за убиството на 23-годишната белгиска полицајка Кити ван Нојвененхизен во 2007 година, која ја застрелал со „калашњиков“ додека трагала по него и двајца други кои украле автомобил.

Јасир, кој е со мароканско потекло, ќе биде протеран иако е роден и израснат во Белгија. Неговиот адвокат Фабијан Лаво, изјави за РТЛ дека депортацијата е дел од кампањата за N-VA пред претстојните белгиски парламентарни избори.

„Оваа одлука која оди во екстрем се чини дека е за политички цели”, рече тој.

Кривичниот адвокат Надеж Пуоси има поинаков став за ова прашање и смета дека Франкен има ингеренции како министер и може да одлучи да нареди депортација на лице кое е опасно за безбедноста или за јавниот ред.

Депортацијата е финалниот потег на Франкен кој беше познат по својот цврст став против масовната миграција и радикалниот ислам и по минатогодишното барање за забрана на про-шеријатската политичката партија „Партиј ислам“.

„Шеријатот претставува кршење на човековите права. Затоа партиите на шеријатот се недемократски. Волци преправени како јагниња! ” рече тој.

Треба да знаете
Последни објави