Search

Дуковски: Мукоски ги отвори вратите на Собранието, не Чавков

Со завршни зборови на обвинетите продолжи судењето за „крвавиот четврток“, а прв својата одбрана ја дава поранешниот директор на БЈБ , Митко Чавков. Според неговиот адвокат, Сашко Дуковски, нема докази дека

– На крајот сме на еден од најголемите предмети, и со самото тоа одговорноста за правилно постапување и примена на законот и носење на секоја одлука мора да се базира на правилна оценка и анализа на секој доказ поединечно се со цел да се донесе законски заснована пресуда. Одговорноста е голема. Ќе се осврнам на неколку круцијални работи.  Не постои вина кај Чавков за кривичното дело кое, според завршните зборови на обвинителката Русковска, во кој е кажано дека го загрозиле животото на присутните…. Ова е описот со цел да го оправда обвинението без било каков доказ. Во случајов се работи за збир на сите дејствија, не знам зошто е така, но мислам дека овластениот тужител сметал дека со ставање на повеќе наводни дејствија на извршување обвинето ќе виде поиздржано, рече Дуковски.
Тој се осврна на делот од обвинението за кое е предвидено најмалку 10 години, а за која има нецела реченица од дејствија на извршување на обвинетиот Чавков.
-Како дејствија на извршување се наведува: со неиздавање наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за надворешно и внатрешно обезбедување на Собранието. И со тоа наводно е овозможено да се влезе во Собранието. Сметам дека за вакво кривично дело пола реченица не може да биде доста за некој да биде обвинет и тоа наводно дејствије да биде извршено токму на 27 април и со тоа да се исполни законското битие за делото за кое се терети.
Во обвинението се наведува дека наводната толпа во прв момент не успеала да влезе во собранието бидејќи биле затворени вратите, се додека лицето опфатено со законот за амнестија, Крсто Мукоски, не ја отворил вратата. Не смееме во ниеден момент да имаме дилема како е сторено ова кривично дело. Дали со пропуштање на извршување што е невозможно за вакво дело, рече Дуковски.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави