Search

Трамп за американскиот фудбал: Опасно e, не би сакал син ми да се занимава со тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не би сакал неговиот најмлад син Барон, кој го доби во бракот со актуелната сопруга Меланија, да игра американски фудбал бидејќи тоа е опасен спорт.

Трамп ова го изјави во интервју за американската телевизија „Си-би-ес“ во пресрет на на финалето на „Супербол“ и додаде дека сепак не би му застанал на својот син на патот доколку одлучи да игра американски фудбал.

„Доколку тој тоа би сакал? Да. Дали јас би го насочил во тој правец? Не!“, изјави Трамп.

„АП“ пренесе дека Трамп во интервјуто изјавил оти водечката лига на американскиот фудбал е одличен производ.

Треба да знаете
Последни објави