Search

Христо Петрески добитник на меѓународната награда Радое Домановиќ

Годинашен добитник на највисоката меѓународна награда за книжевна сатира што се доделува во Република Србија е писателот Христо Петрески од Македонија.

Тој го доби признанието Екселенција на сатирата – награда Радое Домановиќ за најдобар странски сатиричар.

Покрај Петрески, оваа висока и значајна меѓународна награда ја добија и Сергеј Сидоров од Русија, Анджеј Маевски од Полска и Драган Копривица од Црна Гора.

Свеченото врачување на меѓународната награда Радое Домановиќ ќе биде на 22 февруари во Здружението на писателите во Белрад.

Треба да знаете
Последни објави