Search

Груевски: Не се плашам од екстрадиција

Поранешниот премиер Никола Груевски во интервјуто за ТВ Сител рече дека не се плаши од екстрадиција.

– Оставам на властите во Будимпешта, тие ке одлучат. Имаат мои искази, два пати давав интервју, еднаш шест часа, им одговорив на стотици прашања зошто сум избегал од Македонија. Вршеа проверки, одлучија како одлучија. Како и да е, оценив дека во тој момент, кога одлучив да избегам дека тоа е најдобро за мене. За да не дозволам оваа  марионетска власт да се изживува со мене,  да ме стават во затвор и да ме ликвидираат, рече Груевски.

Тој појасни дека не и избегал на полицијата бидејќи полицајците што го чувале немале мандат да го чуваат 24 часа дневно.

-Имав полициско обезбедување, но само кога се движев низ градот. Не беа со мене 24 часа дневно, само кога им се јавев дека треба да одам некаде доаѓаа. Немаше куќарка со полицаец пред зграда. Не излегував секоја вечер, како и секој нормален граѓанин седев дома, па немаше причина да се сомневаат зошто не сум им се јавил да дојдат, рече Груевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави