Search

Шефот на „Лион“: Не играме против ПСЖ, туку против држава

Претседателот на „Олимпик Лион“, Жан-Мишел Олас изјави дека „Париз Сен Жермен“ е посебна земја ако зборуваме за финансиските можности на овој клуб. Очигледно, газдата мислеше на катарските сопственици чии готовински залихи се чини дека никогаш не се исцрпуваат.

ПСЖ во последните две години ги оствари двата најскапи трансфери во фудбалската историја – привлекувањето на Нејмар од „Барселона“ за 222 милиони евра и на Килијан Мбапе од „Монако“ за 180 милиони евра.

– ПСЖ живее во различна реалност. Ние треба да играме против одделна држава. Тие водат класна борба против нас. Но, ние сме во состојба да ја прескокнеме планината, изјави Олас.

Двата тима ќе се состанат во недела во натпревар од 23-тото коло на Лига 1. Тимот од Париз е прв  на табелата со 56 поени, а „Лион“ со 40 поени се наоѓа на третата позиција.

Треба да знаете
Последни објави