Search

Линдзи Вон става крај на кариерато по Светското во Оре

Кралицата на алпското скијање, Линдзи Вон со тага објави на социјалните мрежи дека претстојното Светско првенство во шведскиот зимски центар Оре ќе биде последно во кариерата и таа по него ќе ја прекине неверојатната кариера.

„Последните неколку недели предложија еден од најголемите емотивни предизвици за мене. Се уште се обидувам да ја сфатам реалноста и она што ми го кажува моето тело, во однос на она што срцето и умот ми кажуваат дека можам да постигнам. За жал, реалноста е дека мојот ум и телото не се на иста бранова должина. По многу непроспиени ноќи конечно прифатив дека не можам да продолжам со скијањето. Ќе се натпреварувам на Светското првенство во спуст и Супер-Џи следната недела во Оре, Шведска, а овие ќе се последните стартови во мојата кариера”, пишува Вон на Инстаграм.

Американската скијачка е најуспешна натпреварувачка во историјата на Светскиот Куп со рекордни 82 победи (само легендарнатаИнгемар Стенмарк може да се пофали со повеќе – 86). Таа има три олимписки медали, од кои еден златен – во 2010-та во спуст во Ванкувер, како и две светски титули, плус уште три сребрени и два бронзени медали од Светски првенства.

 

Треба да знаете
Последни објави