Search

Дончиќ со џентлменски одговор откако не беше селектиран за Ол Стар натпреварот

На изненадување на многумина, Лука Дончиќ не доби повик за настап на Ол Стар натпреварот во Шарлот.

Од НБА објавија 14 резервни играчи за Ол Стар натпреварот, а меѓу нив деби на најинтересниот спортски настан ќе имаат Никола Јокиќ, Бен Симонс, Никола Вучевиќ и Крис Мидлтон.

Во тимот на Западот освен Јокиќ ќе настапат Расел Вестбрук, Клеј Томпсон, Дамиан Лилард, Ентони Дејвис, Ламаркус Олдриџ и Карл- Ентони Таунс.

Друштво пак на Симонс, Мидлтон и Вучевиќ во тимот на Истокот ќе му прават Бредли Бил, Виктор Оладипо, Кајл Лаури и Блејк Грифин.

Сензацијата во досегашниот дел од НБА Лигата, Лука Дончиќ за жал нема да се најде на овој натпревар, иако за него имаше огромен број на гласови од страна на фановите на НБА Лигата.

По изоставањето од селекцијата, Дончиќ даде џентлменски одговор кој сигурно уште повеќе ќе ги освои симпатиите кај вљубениците на кошарката.

– Бев возбуден што моето име се споменуваше за натпреварот. Сепак, тоа не се случи. Се надевам ќе играм следната година. Веројатно гласовите не се сметаа многу, но за мене беше прекрасно кога видов дека многу фанови сакаат да ме видат таму. Се чувствував супер поради поддршката од фановите. Тоа е најважната работа за мене – заклучи Лука Дончиќ.

Треба да знаете
Последни објави