Search

Русковска: Алими му ги дал клучевите на Мукоски, кој е амнестиран, а него му се заканува затвор

Во образложувањето на доказите против секој обвинет за „Крвавиот четврток“ поединечно, обвинителката Вилма Русковска рече дека Абдуљфета Алими можеби го спасувал Зијадин Села, но ако работел според законот, немало да има потреба од тоа.

-Не само што Алими не се обидува да го спречи отворањето на вратите туку тој заедно со Ѓошевски ја упатува толпата кон салата Македонија. Тој многу брзо по 27 април излезе во јавност со тврдење дека го спасил Села. Не навлегувам во ова бидејќи се води посебен предмет, но ќе кажам ако работел според законот немало да има потреба било кого да спасува, тој кривичното дело го стори претходно. Останавме ускратени и на прашањето од кои причини Алими му ги дал клучевите на пратеникот Крсто Мукоски кој ги отвори вратите и сега е амнестиран, а него му се заканува казна затвор, изјави Русковска.

Треба да знаете
Последни објави