Search

По девет години заврши реставрацијата на гробот на Тутанкамон

Реставрацијата на гробот на славниот египетски фараон Тутанкамон денеска официјално е завршена.

Зафатот кој во изминатите девет години го реализираше институт за конзервација имаше за цел да ги намали штетите предизвикани од прашина и микроорганизми кои се создаваат поради влагата која ја венсуваат туристите.

Речиси недопрената гробница на фараонот кој со Египет владеел пред повеќе од 3000 години, била откриена во 1922 од страна на Хауард Картер во Долината на кралевите во близина на Луксор. Поради огромното богатство што било пронајдено внатре, Татанкамон се смета за симбол на славата на древниот Египет.

Треба да знаете
Последни објави