Search

Мицевски: Димитров го урна угледот на државата

Во Собранието почна постапката за интерпелација на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поднесена од 33 пратеници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на тоа зошто треба да поднесе оставка министерот Димитров, образложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој зборуваше за штетните договори со Грција и Бугарија што Димитров ги склучил на штета на македонскиот идентитет, јазик и култура.

„Никола Димитров ја извршуваше работата несовесно, нетранспарентно и нестручно. Го урна угледот на државата. Постапуваше на дрзок и препотентен начин. Од 2017 година Македонија доживува само порази. Дури и народот го нарече искомплексиран, а ниту тој ниту Владата не се извинија за неговата навреда. Ги направи сите штетни компромиси за Македонија. На крајот излезе со предлог, дури за промена на Уставот за кој бараше поддршка и инклузивност од нас како опозиција. За нас тоа не е прифатливо. Ваков договор можеше да склучи кој било министер и која било влада. Првата штета е Договорот за добрососедство со Бугарија. Договорот е целосно асиметричен и има сериозни пропусти. Вториот голем пораз е Преспанскиот догор со кој се промени името на државата, јазикот и идентитетот. Не сте најспособниот министер за надворешни работи, вие сте најпопустливиот министер. Договорот е спротивен на Уставот, ја сменивте преамбулата. Со ваков договор не се јакне македонскиот идентитет, се откажавте од правото на јазик и националност. Договорот е капитулација за Република Македонија, а не победа,  рече Мицевски.

Тој додаде дека Димитров не ја почитувал волјата на македонскиот народ изразена на референдумот. Според Мицевски, референдумот го прогласиле за успешен оти во спротивно Димитров ќе требало да си поднесе оставка.

– Не бевте имун ни на домашни скандали. Ќерката на министерот експресно доби државна стипендија  во Холандија. Ова не се европски принципи и вредности. Ова е скандал за кој требаше да поднесете оставка. Димитров во многу наврати покажа дека функцијата не ја извршува професионално. Димитров ќе биде запаметен дека за личен кариеризам го смени името на државата и затоа бараме подршка од пратениците за интерпелацијата, рече Мицевски.

Треба да знаете
Последни објави