Search

Балетот „Оревокршачка“ утре и во сабота во МОБ

Во „Македонската опера и балет“ утре (30.01.2019, среда) и во сабота (02.02.2019 сабота) со почеток во 20 часот ќе се одржи балетската претстава „Оревокршачка“ по музика на Петар Илич Чајковски.

Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1..2019) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.2019), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Треба да знаете
Последни објави