Централен одбор на СДСМ ќе одлучува за кандидат за претседател

Централниот одбор на СДСМ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи седница со повеќе точки на дневен ред.

„Пред членовите на Централниот одбор на СДСМ на дневен ред се повеќе точки поврзани со процесот на реформите, напредокот на Македонија, интеграциите и членството во НАТО и ЕУ, актуелната политичка состојба во земјава, други политички и внатрепартиски прашања. Се очекува Централниот одбор да донесе одлуки поврзани со отпочнувањето на внатрепартиската постапка за избор на кандидат за претседател на државата како и одлуки за постапки за избор на кандидати за градоначалници во три општини за кои ќе се одржат локални избори оваа година“, соопштија од партијата.

Треба да знаете
Последни објави