Eвропските социјалдемократи бараат старт на преговори со Македонија во јуни

Европските социјалдемократи се првата европска политичка партија што се огласи по ратификацијата на Преспанскиот Договор во Грција.

Шефот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Удо Булман и посака “добредојде на Северна Македонија”.

-Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решаваат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси што конзервативците и националистите со години не можеа три децении.

Булман им честита лично на двајцата премиери за историскиот договор.

-Барам од земјите членки да докажат дека тие што прават тешки компромиси се наградуваат и да го поканат Скопје да започне преговори за членство со ЕУ во јуни 2019.

Треба да знаете
Последни објави