Оштетено возило на Конзулатот на Грција во Битола

Автомобил во сопственост на Конзулатот на Грција во Битола вчера бил оштетен.

Според информациите на МВР, вчера А.К. пријавил во полиција дека е оштетено предно ветробранско стакло од возило „мерцедес“, сопственост на Конзулатот на Грција во Битола, паркирано на улица Елпида Караманди во Битола.

Исто така, А.К. прјавил и дека со тврд предмет е оштетен кровот на возило „опел гранд ланд“, сопственост на неговата сопруга, паркиран на улица Елпида Караманди, во Битола.

Треба да знаете
Последни објави