Мелбурн: Ѓоковиќ закажа финале со Надал

Новак Ѓоковиќ по победата против Лукас Пуј (3:0) се пласираше во финалето на Австралија Опен, каде го чека стариот ривал Рафаел Надал.

Српскиот тенисер со 3:0 по сетови (6:0, 6:2, 6:2) го совлада Лукас Пуј и против Надал ќе се обиде да стигне до седмата титула на Грен слемот во Мелбурн.

Во меч кој траеше само еден час и 25 минути, Србинот го доби првиот сет без изгубен гем (6:0), а во следните два му препушти само по два гема на противникот (6:2).

Со Надал одиграа епско финале во Мелбурн во 2012 година, кое траеше над 5 часа. Тогаш Ѓоковиќ со 3:2 по сетови го совлада противникот.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 44,7 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави