Search

(Видео) Запленети 300 килограми марихуана во куќа во Бутел

Полицијта запленила околу 300 килограми марихуана во домот на скопјанец во населбата Бутел, информираше МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел.

При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и  мерење.

По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

Треба да знаете
Последни објави