Search

Ненси Пелоси нов претседател на Претставничкиот дом на САД

Претставничкиот дом на САД на денешната конститутивна седница за свој нов претседател ја избра демократката Ненси Пелоси.

За изборот на Пелоси гласаа 220 конгресмени во 435-члениот Долен дом на американскиот Конгрес.

Ова ќе биде втор мандат на 78-годишната Пелоси на местото прв човек на Претставничкиот дом, откако на оваа функција беше и од јануари 2007 до јануари 2011 година.

Досега Пелоси беше лидер на демократите во Претставничкиот дом.

Треба да знаете
Последни објави