Search

Ципрас не сака предвремени избори: Гласањето за Договорот од Преспа ќе се одржи во вистинско време

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја потврди решеноста на неговата влада да работи со полна брзина до крајот на неговиот четиригодишен мандат.

-Ние го бараме октомври за датумот за изборите рече премиерот, одговарајќи на прашањето кога ќе се одржат општите избори, пренесе АНА.

Ципрас, прашан за договорот од Преспа и дали истиот ќе биде ратификувани од грчкиот парламент во март, рече дека „гласањето ќе се одржи во вистинско време“ и дека сé уште не одлучил дали ќе биде пред март годинава.

Прашан за шпекулациите околу одлагањето на гласањето за протоколот за придружување на Македонија во НАТО, грчкиот премиер ги отфрли овие наводи како „глупости“.

Треба да знаете
Последни објави