Search

(ВИДЕО): Дончиќ го измести од патики Пол Џорџ

Словенецот Лука Дончиќ дефинитивно е хит на сезоната во НБА, а освен со добрите игри воодушевува и со својата луцидност на терените.

Дебитантот и ноќеска направи потег кој се врти по телевизиите и социјалните мрежи. Во победата на „Далас„ врз „Оклахома“ со 105:103. Лука со дриблинг го измести од патики најдобриот поединец кај „Оклахома“, Пол Џорџ  кој мораше да седне на паркетот. За волја на вистината, подоцна и Џорџ му се реваншираше на Дончиќ на речиси идентичен начин, но Словенецот не заврши на паркетот.

Словенецот мечот го заврши 25 поени, седум асистенции и три скока.

Треба да знаете
Последни објави