Општина Бутел подели 30 јакни за деца од градинката „11 Октомври“
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски во градинката „11 Октомври“ подели 30 зимски јакни, шалчиња и ракавици на децата од социјално загрозени семејства.
Со тоа им ја честита Новата Година и им посака среќно и безгрижно детство и многу здравје.