Рита Ора за својот роденден доби танц во скут

Mоделот Кара Делевињ (26) и пејачката Рита Ора (28) се неразделни откако се запознаа, што се гледа и на социјалните мрежи.

Така, за 28-миот роденден, Кара на својата пријателка и подари стрипер и стриптизета. Со оглед на тоа што Рита Ора веќе неколку пати јавно кажа дека е бисексуалка, тоа беше одлична можност да и даде на Кара посебен подарок за нејзиниот роденден. На прославата Рита доби танц во скут од стриптизер, што, наводно, целосно ја одушевило.

Бидејќи Рита е прилично отворена за својата сексуалност, Кара знаеше дека не може да одбере само еден стрипер, туку мораше да земе двајца“, открива нивен пријател.

На роденденот на британската пејачка беа Кејт Бекинсејл, Парис Хилтон, Кели Озборн и Челзи Хендлер. Но, не се појави нов дечко на Рита, британскиот актер Ендрју Гарфилд (35).

Треба да знаете
Последни објави