Партијата на Солза Грчева: Не запира корупцијата во Владата

Корупцијата која ја генерира Владата не запира, обвинува преку соопштение партијата, „Глас за Македонија“, чијшто претседател е поранешната пратеничка од СДСМ, Солза Грчева.

„Оваа Влада, покрај коруптивниот процес за уставни промени, не се срами да ги корумпира сите јавни институции со додатни партиски вработувања, сега воведувајќи заменици директори во секоја институција. Тоа е партијата, која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираше на многубројната администрација која беше злоупотребувана најмногу во време на избори. Сега оваа Влада, во пресрет на избори, избезумено вработува непотребни партиски кадри со народни пари, во услови кога се живее се посиромашно, а економијата е во слободен пад“, наведува „Глас за Македонија“ во соопштението.

Партијата на Грчева понатаму обвинува дека владејачката партија лажела дека ќе изврши реформи и во јавната администрација. Граѓаните треба да бидат свесни, велат од партијата, дека најголема корупција се токму непотребните и по правило, партиски вработувања. Тоа се заробени институции, против кои кога партијата беше во опозиција, божем се бореше.

Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана. Најмалку од се, ваква влада може да не однесе во ЕУ. Со неуставен Закон за Амнестија, со измени во Кривичниот законик само за намалување на казните за поткуп на пратениците, со масовни вработувања во администрацијата, оваа Влада не води во Африка и никако кон модернизација и благосостојба“, се додава во соопштението на „Глас за Македонија“.

Треба да знаете
Последни објави